Достапни линкови

Четворица од хеликоптерската единица на МВР загинаа во несреќа


Четворица искусни пилоти на МВР синоќа загинаа во хеликоптерската несреќа кај Струмица, соопшти министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Драги Мицев од Струмица роден 1969 година, началник на хеликоптерската единица, Маријан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, Тоде Орешков роден 1970 година во кавадаречко и Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола се четворица загинати во хеликоптерската несреќа што се случи синоќа околу 22 часот во близина на Струмица, соопшти министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Сите четворица биле дел од хелкоптерската единица на МВР и досега учествувале во сложени операции.

Драги, Mарјан, Иљо и Тоде беа врвот на хеликоптерската единица и најдобриот песонал на МВР, беа искусни и зад себе имаа безборј часови лет во различни услови.

„Драги, Mарјан, Иљо и Тоде беа врвот на хеликоптерската единица и најдобриот песонал на МВР, беа искусни и зад себе имаа безборј часови лет во различни услови“, рече Јанкулоска.

Во текот на летот со полицискиот хеликоптер пилотите не се пожалиле на никакви проблеми, информираше министерката.

„Според првичните информации за време на ноќниот лет хеликоптерот со кој управувале удрил во антенски столб на македонската радио-дифузија висок 120 метри. Станува збор за хеликоптер од типот МИ-17, сопственост на МВР. Релацијата на која летал хеликоптерот била Скопје-Кавадарци-Валандови-Струмица-Берово-делчево и обратно“, рече Јанкулоска.

Веднаш по несреќата е пристапено кон спроведување на сите процедури кои ги налагаат законите и безбедносните правила во авио сообраќајот.

Точните координати во моментот на падот ќе биле дополнително утврдени од двете црни кутии што биле пронајдени заедно со уредот за покажувањето на правецот на летот,

Инаку на местото на падот односно на само неколку десетина метри пред првите куќи од индустриската зона „Север“ се уште е во тек обезбедување на трагите а на терен излегол и Јавниот обвинител. Од ноќеска е формирана и посебна комисија составена од експерти што треба да го расчисти случајот а се утврдува и дали објектот во кој удри хелихотерот бил соодветно одбележан.

„Веднаш по несреќата е пристапено кон спроведување на сите процедури кои ги налагаат законите и безбедносните правила во авио сообраќајот, што меѓу другото подразбира и контакт со контролата на летање, обезбедување на местото, на трагите, на доказите“, рече Јанкулоска.

Леталото било произведен 2008 година, во текот на летот користел опрема за ноќна визуелизација, бил редовно сервисиран а најчесто бил користен за спасувачки мисии, појасни министерката.

Инаку ова не е прва хеликоптерска несреќа во Македонија. Во јануари 2008 година кај Катланово се урна хеликоптер „Ми-17“ кој превезуваше македонски војници кои се враќаа од мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. Тогаш загинаа сите 11 војници што беа во леталото, а владата на вонредна седница одлучи денот на погребот да биде прогласен за ден на жалост.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG