Достапни линкови

Јанкулоска-Загубивме четворица искусни колеги


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека загубиле четворица искусни колеги кои со своето знаење, дух и професионализам оставиле длабок печат врз работењето на Министерството. Коментарот на Јануклоска доаѓа по хеликоптерската несреќа во близина на Струмица во која загинаа Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Таа информираше дека до несреќата дошло кога за време на ноќен тренажен лет, хеликоптерот удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри. Според неа, хеликоптерот бил редовно сервисиран и во текот на летот во кој е користена опрема за ноќна визуелизација немало поплаки за некакви проблеми. Во моментов се истражува дали антенскиот столб во којшто удрил хеликоптерот бил соодветно обележан.

XS
SM
MD
LG