Достапни линкови

logo-print

Нови 9 жртви во источна Украина


Најмалку четири украински војници и пет рудари загинаа денеска во источниот дел на земјата додека владините сили ја продолжуваат офанзива против про руските сепаратисти.

Рударите загинале кога нивниот автобусот се нашол под минофрлачки оган. Двајца војници и најмалку еден полицаец загинале која оклопно возило нагазило на мина во близина на руската граница. Друг војник бил убиен во близина на градот Kaрловка во регионот Донецк.

Портпаролот на армијата Владислав Селезнов изјави дека најмалку 50 сепаратистички борци биле убиени во последните неколку дена со владините воздушни напади.

XS
SM
MD
LG