Достапни линкови

Анастасиадис: Кипарските Турци сакаат поосебна држава


Целосно некомпатибилни се ставовите на двете етнички заедници на Кипар, кои од февруари преговараат за повторно обединување на островот, се наведува во документот на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, доставен до политичките партии.

Во документот се посочува дека турската страна де факто се стреми на островот да биде создадена посебна држава. Турската страна предлага претседателството на идната државна структура да има двајца членови - еден кипарски Грк и еден кипарски Турчин, кои ќе се менуваат на претседателската функција. Тие би се избирале секоја во својата заедница на паралени избори. Турската страна предлага во идниот парламент на двете заедници да има еднаков број на мандати, се наведува во документот.

XS
SM
MD
LG