Достапни линкови

Викторија Нуланд в понеделник во Скопје


помошник државниот секретар Викторија Нуланд

помошник државниот секретар Викторија Нуланд

Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски работи Викторија Нуланд на 14 јули ќе престојува во Скопје, соопшти Стејт департментот. Посетата е во рамките на нејзината турнеја на земјите од Западен Балкан. Нуланд, ќе престојува и во Лондон и Брисел на подготовки на самитот на НАТО.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека помошник државниот секретар Викторија Нуланд за време на престојот во Скопје в понеделник ќе се сретне со високи владини претставници и политички лидери за евроатлантскиот пат на Македонија.

Исто така е наведено дека ќе се разговара и за други прашања од заеднички интерес.

Викторија Нуланд и Џон Кери.

Викторија Нуланд и Џон Кери.

Посетата е во рамките на нејзината турнеја на земјите од регионот, како и на Лондон и Брисел, а која почнува со денешното учество на Форумот во Дубровник за Западен Балкан и трансатлантските односи.

На тридневниот собир учествуваат 18 министри за надворешни работи од земјите од регионот и од Европската унија, како и функционери на Кина, Јапонија, Русија.

По престојот во Скопје, Викторија Нуланд ќе патува за Лондон на средби и разговори за подготовка на следниот НАТО самит што ќе се одржи во Велс, како и за развојот на настаните во Украина.

Веднаш потоа Нуланд ќе престојува во Подгорица на разговори со претставници на Црна Гора. Истиот ден таа во Тирана ќе има средби со албански официјални претставници.

Главни теми и во Погорица и во Тирана, како што најави Стејт департментот, се евроатлантската интеграција на овие земји.

На 13 јули помошникот државен секретар Викторија Нуланд ќе престојува во Приштина и во Белград, каде што ќе се сретне со владини и политички претставници за текот на дијалогот меѓу двете страни.

Главна тема, како што е наведено во Вашингтон, ќе биде напредокот во имплементацијата на договорот за нормализација на нивните односи постигнат на 19 април 2013 година.

По престојот во Скопје, Викторија Нуланд ќе патува за Лондон на средби и разговори за подготовка на следниот НАТО самит што ќе се одржи во Велс, како и за развојот на настаните во Украина.

Овие теми, според Стејт департментот, ќе преовладуваат и на разговорите што американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд ќе ги има со претставници на Европската унија и на НАТО во Брисел.

Викторија Нуланд е помошник државен секретар од минатиот септември. Таа е одговорна за дипломатските односи на Соединетите држави со 50 земји во Европа и Евроазија, како и за односите со НАТО, Европската унија и ОБСЕ.

Пред да ја преземе оваа функција, Нуланд извесно време беше портпарол на Стејт департментот.

Претходно таа две години беше специјален пратеник за Конвенционалните вооружени сили во Европа.

Од 2005 до 2008 година Викторија Нуланд беше 18 постојан претставник на Соединетите држави во НАТО.

Како амбасадор во седиштето на Алијансата во Брисел, нејзината работа беше фокусирана врз зајакнувањето на сојузничката поддршка за мисијата ИСАФ во Авганистан, врз односите со Русија и врз продолжувањето на процесот за проширување на НАТО.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG