Достапни линкови

logo-print

Американскиот помошник државен секретар Нуланд в понеделник во Скопје


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски работи Викторија Нуланд на 14 јули ќе престојува во Скопје, соопшти Стејт департментот. Најавено е дека таа ќе се сретне со високи владини претставници и политички лидери за евроатлантскиот пат на Македонија, како и за други прашања од заеднички интерес. Посетата е во рамките на нејзината турнеја на земјите од регионот и Европа, а која почнува со денешниот Форум во Дубровник за Западен Балкан и трансатлантските односи. Нуланд во наредните денови ќе престојува во Подгорица, Тирана, Приштина, Белград, Лондон и Брисел.

XS
SM
MD
LG