Достапни линкови

logo-print

Кери викендов во Виена на разговори за Иран


Државниот секретар на САД, Џон Кери овој викенд во Виена ќе им се приклучи на разговорите за иранската нуклеарна програма. Стејт департментот соопшти дека Кери „ќе види дали може да се направи напредок во прашањата кои и натаму остануваат отворени, како и да ја процени подготвеноста на Иран да направи критични избори на преговарачка маса.“

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија, се очекува, исто така, да се приклучат на разговорите во Виена.

Дипломатите велат дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и висок функционер од кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, може да се приклучат на разговорите во Виена на кои се забележуваат длабоки поделби. На 20 јули е крајниот датум да се надминат разликите.

XS
SM
MD
LG