Достапни линкови

Украинските сили повторно го контролираат градот Сиверск


Украински сили ја повратија контролата над еден град во источна Украина и се судрија со сепаратистите кои се обидуваат да го заземат аеродромот во Доњецк.

Портпаролот на војската Владислав Селезњов рече дека владините сили повторно го контролираат градот Сиверск, кој се наоѓа источно од Славјанск. Тој исто така рече дека војниците кои го чуваат аеродромот во Доњецк биле нападнати со минофрлачки оган на 10 јули, но бунтовничкиот напад бил одбиен.

Во меѓувреме лидерите на Франција и на Германија Франсоа Оланд и Ангела Меркел разговараа телефонски со рускиот претседател Владимир Путин. Тие му пренеле дека е важно да се спречи проток на борци и оружје од Русија во Украина.

Белата куќа пак соопшти дека украинскиот претседател Петро Порошенко му рекол на и американскиот заменик-претседател Џо Бајден дека Москва и бунтовниците одбиле многу предлози од страна на Киев за преговари за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG