Достапни линкови

САД - ирански власти да одговараат за прекршување на човекови права


Републиканските сенатори Марк Кирк и Марко Рубио го претставија новиот предлог-закон кој предвидува иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, претседателот Хасан Рохани и други високи ирански функционери да се прогласат за прекршители на човековите права. Во вчерашното соопштение, Кирк вели дека е време иранските функционери да се прогласат за одговорни за грубото кршење на основните човекови права. Рубио вели дека законот ќе бара претседателот Барак Обама да ги смета за одговорни иранските лидери и поединци за сите прекршувања на човековите права кои ги наредиле или во кои учествувале по спорните претседателски избори во 2009 година. Текстот предвидува назначување на „специјален координатор за човекови права и демократија во Иран“ и распределба на 32 милиони долари за програми за промоција на демократијата во земјата.

XS
SM
MD
LG