Достапни линкови

Кери во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во ненајавена посета на Авганистан во обид да ги намали тензиите по спорните претседателски избори, кои предизвикаа страв од насилства и етнички немири.

Портпаролот на Стејт депарментот Џеф Ратке изјави дека Кери ќе се сретне со претседателските кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани, како и со претседателот во заминување Хамид Карзаи.

Независната изборна комисија ги објави првичните резултати од вториот круг на изборите, според кои Гани е победник со освоени 56,44 отсто од гласовите. Конечните резултати треба да се објават на 22 јули.

Абдула, кој победи во првиот круг од изборите, ги отфрли прелиминарните резултати од вториот круг, прогласувајќи ги за „пуч“ против авганистанскиот народ.

XS
SM
MD
LG