Достапни линкови

Киев бара помош за ослободување на офицер заробен во Русија


Офицерот на украинските воздухопловни сили, 31-годишната Надија Савченко.

Офицерот на украинските воздухопловни сили, 31-годишната Надија Савченко.

Украинскиот министер за одбрана Павло Петренко соопшти дека Киев ќе побара од Советот на Европа да помогне за ослободување на украински воен офицер кој е во заробеништво во Русија. Петренко рече дека офицерот на украинските воздухопловни сили, 31-годишната Надија Савченко се држи во заложништво во Русија. Таа е обвинета за соучесништво во убиството на двајца руски новинари во Луганс минатиот месец. Новинарите ја следеле украинската воена офанзива против проруските сепаратисти. Судот во рускиот град Воронеж ѝ одреди притвор до 30 август. Киев обвинува дека таа била заробена од проруските сепаратисти во Украина и нелегално била префрлена во Русија. Рускиот истражен комитет тврди дека Савченко била уапсена во Русија.

XS
SM
MD
LG