Достапни линкови

Обама да се консултира со Конгресот за Иран


Повеќе од три четвртини од пратениците во американскиот Претставнички дом го повикаа претседателот Барак Обама да се консултира со Конгресот за каков било договор со Иран за неговата спорна нуклеарна програма.

Писмото со барањето кое е потпишано од 342 пратеници, и демократи и републиканци, вчера ѝ беше претставено на јавноста од републиканскиот пратеник Ед Ројс, кој е претседавач на парламентарната Комисија за надворешни работи и од влијателниот демократски пратеник Елиот Енџел.

Во писмото се наведува дека администрацијата на Обама треба да спроведе широки консултации со Конгресот за можното намалување на санкциите кои би можеле да бидат дел од конечниот договор со Иран.

XS
SM
MD
LG