Достапни линкови

logo-print

Четири жртви при пад на полициски хеликоптер во Струмица


Хеликоптерска несреќа кај Струмица.Фотографијата е од порталот strumica.net.

Хеликоптерска несреќа кај Струмица.Фотографијата е од порталот strumica.net.

Четворица луѓе загинаа доцна синоќа во хеликоптерска несреќа кај Струмица. Полицијата потврди дека се работи за хеликоптер на МВР и оти во несреќата има жртви, но најпрвин ќе се известат семејствата на загинатите, а потоа јавноста.

Хеликоптерот враќал од смена гранични полицајци. Причината за несреќата не се знае, но се претпоставува дека леталото најверојатно удрило врз висок предавател по што се урнало.

Очевидци раскажуваат дека хеликоптерот вртел во воздух повеќе од пет минути, немал светла, а потоа удрил во предавател.

XS
SM
MD
LG