Достапни линкови

Временска прогноза - пооблачно и малку посвежо


Времето денеска ќе биде пооблачно и малку посвежо. Пооблачно ќе биде во западните и северните делови од земјава каде ќе има и локален краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има пониска вредност поради зголемената облачност и ќе изнесува 7.

За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во почетокот на наредната недела ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.


XS
SM
MD
LG