Достапни линкови

МНР со протестни ноти до амбасадорите на Албанија и Косово


Во Министерството за надворешни работи денеска се повикани вонредните и ополномоштени амбасадори на Албанија и на Косово и врачени им се протестни ноти за некои официјални ставови и изјави од двете земји за насилните протести по протестите за случајот Монструм. Според соопштението, со тоа се доведува во прашање функционирањето на правната држава и постапувањето на судството како независна власт во Македонија, а политичките оценки од страна на високи политички претставници не придонесуваат кон негување на конструктивни, позитивни, пријателски и добрососедски односи.

На амбасадорот на Косово му е врачена и протесна нота со која најостро се осудува палењето на македонското знаме, со кое, како што е наведено, длабоко се навредува дигнитетот на Македонија.

XS
SM
MD
LG