Достапни линкови

Американската амбасада со апел за воздржување од насилство


Протестите по пресудата за случајот Монструм

Протестите по пресудата за случајот Монструм

“Го повторуваме нашиот повик за мирно изразување на ставовите и воздржување од насилство. Никој нема право да наштетува на други луѓе или на туѓа сопственост. Насилството ја подрива легитимноста на целите и ја намалува продуктивноста на напорите насочени кон разрешување на прашањата”, стои во одговорот од Амбасадата на Соединетите Држави во Скопје на барањето на Радио Слободна Европа за коментар околу најавените протести и контрапротести.

Инаку веќе неколку дена на социјалните мрежи се најавуваат нови протести против пресудата за Монструм. Како одговор на демонстрациите, за утре се појавија и повици за организирање на контрапротести пред Владата.

XS
SM
MD
LG