Достапни линкови

logo-print

УНЕСКО ги скрати градбите на Плаошник


Плаошник, Охрид.

Плаошник, Охрид.

По порепорака на УНЕСКО, на Плаошник од првично предвидените 24 објекти сега ќе се градат само 6 и истите ќе бидат со еден кат помалку.

Според препораките на УНЕСКО, тоа што се гради на Плаошник може да има негативни влијанија врз постоечкиот локалитет, велат од СДСМ Охрид. Поразително и жалосно е што тоа требаше странци да им го укажат на надлежните државни и општински институции, па да се сфати големината и сериозноста на проблемот. Не смееме никогаш повеќе да доаѓаме во ситуација странци да нè учат и да ни кажуваат како треба да се грижиме за нашето вековно природно, културно и историско наследство, рече Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид.

Ние сакаме да веруваме дека конечно одговорните лица во надлежните институции во државава ќе се вразумат, дека ќе ги преземат сите неопходни мерки и активности во согласност со препораките на УНЕСКО и дека конечно ќе престане загрозувањето и уништувањето на нашето природно, културно и историско наследство на Плаошник.

„Според стручните препораки во извештајот на УНЕСКО, тоа што се гради на Плаошник може да има сериозни негативни влијанија врз постоечкиот локалитет. УНЕСКО укажува дека е неопходна сериозна и значајна ревизија на проектот за изградба на сосема несоодветните армирано-бетонски зданија. Ние сакаме да веруваме дека конечно одговорните лица во надлежните институции во државава ќе се вразумат, дека ќе ги преземат сите неопходни мерки и активности во согласност со препораките на УНЕСКО и дека конечно ќе престане загрозувањето и уништувањето на нашето природно, културно и историско наследство на Плаошник (Имарет) во Охрид“, рече Тунтев.

Се усогласивме со УНЕСКО и ние сметавме дека тие препораки се прифатливи за самиот проект и за самиот визуелен поглед од објектот кон Охридското Езеро.

Од СДСМ Охрид очекуваат да биде лоцирана и конкретна одговорност за, како што велат, евентуалните грешки и пропусти.

Препораките се прифатени и УНЕСКО е задоволен од она што го сработивме. Ги видоа нашите нови проекти и нема никаква дилема.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира, дека СДСМ Охрид повторно се обидува безуспешно да ја замајува јавноста со некои лажни тези и тврдења во кои никој не верува, па ни тие самите. Најверојатно незнаејќи како функционира тој однос помеѓу УНЕСКО и Македонија, кој всушност е однос на партнерство и со мисијата на УНЕСКО отворено се разговара за сите планови, актуелни зафати и идни програми кои ќе ги реализира нашата држава. Токму од овој партнерски однос произлегоа и заклучоците кои не се никакви критики, ултиматум или закани како што бесцелно се обидува во јавноста да ги прикаже токму СДСМ, туку се заеднички насоки на дејствување во интерес на заштитата на културното и природното наследство на Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска при неодамнешната посета на Охрид, рече дека градот не се соочува со никаква опасност да го загуби статусот град на УНЕСКО поради Плаошник.

„Се усогласивме со УНЕСКО и ние сметавме дека тие препораки се прифатливи за самиот проект и за самиот визуелен поглед од објектот кон Охридското Езеро“, рече Канческа.

На Плаошник од првично предвидените 24 објекти сега ќе се градат само 6 и истите ќе бидат со еден кат помалку.

Директорката на Музејот во Охрид, Тања Паскали Бунташевска рече дека со новите измени добиле комплетна слика на амбиент кој кога ќе се возообнови ќе биде за почитување.

„Ги исфрливме и тие стаклени површини кои претходно ги имавме затоа што штрчеа во самата архитектура и отскокнуваа од самите објекти. Препораките се прифатени и УНЕСКО е задоволен од она што го сработивме. Ги видоа нашите нови проекти и нема никаква дилема. И кога дојдоа во Охрид не стануваше збор дека ќе бидеме избришани од листата на УНЕСКО и до такво нешто не дојде“, рече Паскали Бунташевска.

Се очекува целиот комплекс да биде готов до почетокот на 2018 година.

Во извештајот на УНЕСКО стојат препораки и за локалитетот Љубаништа каде што Субрата Рој треба да гради луксузен комплекс, но само како препораки да се внимава да не се наруши амбиентот на тој простор.

XS
SM
MD
LG