Достапни линкови

Груевски оствари средба со делегацијата на ПССЕ


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, составена од Стефан Шенах и Роберт Валтер. Според соопшението, на средбата позитивно биле оценети досегашните заложби за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, како и соработката која се остварува со Парламентарното собрание на Советот на Европа за реализација на зацртаните цели.

Тие се осврнале на повеќе актуелни теми и прашања кои се во насока на подобрување на стандардите, градење доверба и унапредување на интегративните процеси. Било разговарано за формите и можноста за искористување на механизмите кои ќе придонесат за поинтензивна соработка во остварување на стратешките цели на државата.

XS
SM
MD
LG