Достапни линкови

ДПА и ДУИ повика на воздржување од насилство


Протестите во Скопје по пресудата во случајот Монструм

Протестите во Скопје по пресудата во случајот Монструм

ДПА ги повика граѓаните да се воздржат од акти на насилство по најавите на социјалните мрежи за одржување на нови протести против пресудата за случајот Монструм. Според соопштението на партијата, сите граѓани имаат право да протестираат и да ги изразат своите ставови мирно, но не и да се вклучат во насилни или деструктивни дејствија. Од ДПА ги повикуваат надлежните институции да се справат со судскиот случај почитувајќи ги целосно меѓународните стандарди.

И од ДУИ ги повикаа сите граѓани да бидат мирни и да се воздржат од акти на насилство на утрешните протести. Според соопшетнието, сите граѓани имаат право да протестираат и да ги искажат своите ставови мирно, но не и да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти. ДУИ ги повика надлежните институции да се справат со судскиот случај почитувајќи ги целосно сите меѓународните стандарди.

XS
SM
MD
LG