Достапни линкови

Дневен печат - Монструм, политичка криза и загадување


Илустрација.
Илустрација.

Пропаѓањето на оставнината на сликарот Лазар Личеноски, загадувањето, реакциите по протестите за Монструм и политичката криза се дел од темите во дневните весници.

Се чини дека само кога нема „поатрактивни“ теми за обработка и вести во врска со политичките случувања дома, се третираат теми кои инаку се заборавени со години и кажуваат колку си се цениме самите себеси.

Куќата на славниот уметник тоне во заборав - За два двособни стана закочено богатство од 5 милиони евра.
Вечер.

Оставнината на големиот македонски сликар, Лазар Личеноски и пропаѓањето на неговата семејна куќа во Скопје, покрај Вардар, инаку во сопственост на државата, стана интересна токму во летниве месеци. Вечер во продолженија пишува за бирократските закачки во врска со наследството: „Куќата на славниот уметник тоне во заборав - За два двособни стана закочено богатство од 5 милиони евра“, а Утрински насловува: „Во куќата на Личеноски ве обзема јад“.

Манипулатори мавтаа со арапски знамиња.
Дневник.

Утрински нè информира дека „Сопругата и синот на Субрата Рој добиле македонски пасоши“, додека контроверзниот Индиец е сè уште во притвор во својата земја.

Истиот весник ја следи ситуацијата со загадувањето од Макстил на скопјани: „Макстил само се правда, граѓаните и надлежните не се убедени дека ќе биде запазен рокот до 31 октомври за поставување еко-филтери на фабричките оџаци“.

Груевски и Заев го чекаат септември - одложувањето на преговорите дотогаш ќе значи полош извештај од ЕК.
Утрински весник.

Дневник ја објавува острата реакција на поглаварот на ИВЗ, Реис Реџепи по насилните протести во петокот поради пресудите за Монструм: „Манипулатори мавтаа со арапски знамиња“.

Исто така Утрински пишува дека „Завршната сметка за ланскиот буџет помина мазно - ресорската комисија во Собранието за прв пат го разгледуваше извештајот во отсуство на пратеници од опозицијата“.

Дневник со прашалник во насловот пишува: „Груевски и Заев на нова средба дури во октомври? - ВМРО-ДПМНЕ: Договор за сè освен за техничка влада“ - дознава весникот од извори на партијата.

И Утрински оди со сличен наслов, но дека „Груевски и Заев го чекаат септември - одложувањето на преговорите дотогаш ќе значи полош извештај од ЕК“.

Утрински го интересира молкот на опозицијата за најжешките политички случувања, па дознава од партиски извори дека „Молкот бил дел од опозициската стратегија“, за владејачките партии на ’бришан простор‘ сами да се справуваат со проблемите.

Утрински пишува и дека ВМРО-ДПМНЕ за изборите потрошила 1,5 милиони евра, главно од донации од медиумски куќи и поединци.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG