Достапни линкови

Кривични пријави за 10 лица по протестите во Тетово


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информираше денеска дека десет лица кои учествуваа на насилните протести во Тетово заработиле кривични пријави. Според неа, МВР ги презело сите мерки за идентификација на лицата кои се однесувале агресивно и нападнале полициски службенци. Јанкулоска изјави и дека полицијата интензивно ги следи состојбите и нема да дозволат група насилници да предизвикува насилство и да го нарушува законот.

XS
SM
MD
LG