Достапни линкови

logo-print

Македонија, посветена на стратешкото партнерство со САД


Министерот за одбрана Зоран Јолевски

Министерот за одбрана Зоран Јолевски

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и членовите на македонската делегација на вториот ден од посета на САД остварија повеќе средби, меѓу кои и со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања Дерек Колет. Како што е соопштено во Скопје, Јолевски укажал дека Македонија останува на патот чија цел е целосно интегрирање во НАТО и оти ја разгледува можноста за идно учество во мировни мисии под покровителство на Алијансата и ОН. Биле разменети и идеи за идниот ангажман на АРМ во Авганистан, а од министерот бил понуден и Центарот за обука на пилоти како можност за обука на пилоти на авганистанските безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG