Достапни линкови

ГРОМ во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и ДУИ


Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски

На синоќешната седница на Централниот одбор на партијата Граѓанска опција за Македонија, ГРОМ со акламација бил усвоен предлогот за соработка со владата на Македонија. Лидерот на партијата Стевчо Јакимовски истакнал дека Извршниот одбор претходно донел одлука да учествува во Владата со еден заменик министер, како и раководители на други институции кои што ќе бидат понудени за ГРОМ. Партијата, се вели во соопштението, треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи, и не случајно, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов бил предложен за извршување на оваа обврска.

XS
SM
MD
LG