Достапни линкови

Владата ги обвинува раководителите на Сојузот за срамотење на земјата, бидејќи не успеале да го решат спорот со играчите околу нивните плати.

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА ја суспендира Нигерија од сите натпреварувања поради мешање на политичарите во работата на Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Владата на Нигерија нареди отпуштање на челниците на Фудбалскиот сојуз на таа земја, а претседателот на Сојузот Амин Мајгари бил уапсен по враќањето од Светското првенство во Бразил во минатата недела.

ФИФА нареди проблемот да биде решен до 15 овој месец. Покрај репрезентацијата под суспензија се наоѓаат и сите клубови кои во новата сезона нема да може да настапуваат во ниту едно африканско натпреварување.

Казната на ФИФА ќе трае се додека Фудбалскиот сојуз во Нигерија не добие раководство избрано без притисок од политичарите.

На Светското првенство во Бразил, Нигерија ја мина првата фаза, за прв пат по 1998 година, но во осминафиналето загуби од Франција со 2:0.

Пред тој натпревар репрезентативците на Нигерија се побунија против Сојузот бидејќи не добиле награда за пласманот во втората фаза.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG