Достапни линкови

logo-print

Аргентина на пенали во финале


Фудбалерите на Аргентина се пласираа во финалето на Светското првенство во Бразил, откако синоќа во полуфиналето во Сао Паоло ја совладаа репрезентацијата на Холандија по изведување на пенали. Во регуларниот дел и по двете продолженија резултатот беше 0:0, а во изведувањето на пеналите поуспешни беа Аргентинците и победија со 4:2. За разлика од првото полуфинале, кога беше прикажан интересен фудбал со многу голови, синоќешниот натпревар беше неинтересен, без возбудувања и шанси.

Финалето се игра в недела на Маракана во Рио де Жанеиро и се среќаваат Германија- Аргентина, а домаќинот Бразил в сабота во Бразилија ќе игра против Холандија во борба за 3-то место.

XS
SM
MD
LG