Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН за израелско-палестинската криза


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска ќе го извести Советот за безбедност за израелско- палестинските непријателства, додека бројот на жртвите во конфликтот продолжува да расте. Состанокот на 15-членото тело доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера предупреди дека ќе преземе уште поостри акции против Хамас.

Бан вчера изјави дека ситуацијата е „вознемирувачка и нестабилна“. Тој имаше разговори со регионални и светски лидери, меѓу кои и со Нетанјаху, палестинскиот лидер Махмуд Абас и американскиот Државен секретар Џон Кери.

Палестински официјални лица соопштија дека најмалку 54 луѓе загинале во израелските воздушни напади врз Газа, а милитанти вршеле ракетни напади врз израелска територија. Во последниот израелски напад од денеска, 7 лица загинале во градот Хан Јунис во Газа.

XS
SM
MD
LG