Достапни линкови

ЕУ додава 11 лица на „црната“ листа поради украинската криза


ЕУ ќе додаде 11 нови имиња на листата од личности на кои им се замрзнува имот и им се забранува патување поради украинската криза. Според дипломатски извори, одлуката била донесена од амбасадорите на 28-члениот блок и ќе биде спроведена до крајот на неделава. Дипломатите соопштија дека имињата ќе бидат објавени во официјалниот журнал на ЕУ во наредните денови.

Унијата веќе има наметнато мерки за замрзнување на имот и забрана за патување за 61 лице и две компании, поради учество во сепаратистичкиот бунт во источна Украина или во руската окупација и анексија на полуостровот Крим.

XS
SM
MD
LG