Достапни линкови

logo-print

Грузија: наскоро ратификација на Договорот за асоцијација со ЕУ


Претседателот на грузискиот парламент Давит Усупашвили изјави дека законодавното тело ќе го ратификува Договорот за асоцијација со ЕУ на 18 овој месец. Тој додаде дека ќе побара од претседателот Гиорги Маргвелашвили да свика вонредна седница на парламентот, кој сега е на пауза, со цел да го одобри договорот.

Грузија, Молдавија и Украина на 27 јуни во Брисел потпишаа клучна спогодба која ги носи трите земји поблиску до ЕУ. Молдавскиот парламент го ратификува Договорот за асоцијација со Унијата во минатата недела. Романија на почетокот од месецов стана прва земја- членка на ЕУ која ја ратификува спогодбата на Унијата со овие три држави.

XS
SM
MD
LG