Достапни линкови

10 години затвор за поранешен градоначалник на Махачкала


Саид Амиров

Саид Амиров

Саид Амиров, поранешен градоначалник на главниот град на Дагестан, Махачкала, е осуден на 10 години строг затвор. Рускиот северно-кавкаски регионален воен суд установи дека Амиров е виновен за планирање терористички акт и за поседување нелегално оружје.

Тој беше уапсен во јуни минатата година и обвинет за учество во заговор за ракетен напад врз авионот во кој се наоѓал Сагид Муртазалиев, шеф на огранокот на рускиот пензиски фонд во Дагестан, како и за организирање на убиството на членот на истражната комисија Арсен Гаџибеков во 2011 година.

Поранешниот заменик-градоначалник на Каспијск, Јусуп Џапаров доби казна затвор во траење од 8 и пол години за истите обвиненија.

XS
SM
MD
LG