Достапни линкови

Обама бара соработка од Конгресот за имигрантската криза


Американскиот претседател Барак Обама ги предупреди родителите во Централна Америка да не ги праќаат нивните деца сами низ Мексико за илегално да ја минуваат границата на САД. Околу 57 илјади малолетници без придружба од Централна Америка ја минале југозападната граница на САД од октомври минатата година во потрага за подобар живот.

Обама, говорејќи вчера во Далас, исто така го повика Конгресот да работи со него за одобрување на неговото барање за итни финансиски средства во висина од 3,7 милијарди долари за справување со имигрантската криза. Обама ова го изјави по средбата со републиканскиот гувернер на Тексас Рик Пери. Барањето на претседателот за повеќе средства не беше добро примено од Републиканците во Конгресот.

XS
SM
MD
LG