Достапни линкови

logo-print

Времето сончево со мала облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер, кој на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 23 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер и со температура до 32 степена.

И во наредните денови ќе преовладува сончево време. Пооблачно ќе биде утре, кога во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а температурите ќе се намалат за неколку степени.

XS
SM
MD
LG