Достапни линкови

Пензионерите од Струга бараат ист статус како во Скопје


Пензионери од Струга.
Пензионери од Струга.

Немаме бесплатен превоз, а оправданието дека не постои градски превоз не држи. Може да се најде решение и за тоа. Може наш пензионер еднаш во месецот да отиде до Скопје или Охрид, вели секретарот на Здружението на струшки пензионери Мирко Трпоски.

Струшките пензионери му се пожалија на директорот на Фондот за здравствено осигурување Џемаил Мехази при неговата неодамнешна посета на Струга, дека за секој еден преглед во болниците во градот им се наплаќало партиципација. Кажуваат дека плаќаат за крвна анализа, за ехо преглед. Велат дека заслужуваат поголеми права од овие што сега ги имаaт.

Пензионерите се жалат на услугите на наплаќањето на партиципацијата. Јас вчера платив партиципација за крвна анализа од 150 денари. Тоа не е во ред и мислам дека нешто треба да се направи. Плаќаме и за ЕКГ, за други ехо снимки.
Мирко Трпоски, секретар на Здружението на пензионери од Струга.

Секретарот на Здружението на пензионери од Струга, Мирко Трпоски вели дека нивното здружение има 3.700 членови од сите националности и затоа нивните барања се легитимни.

Струга.
Струга.

„Пензионерите се жалат на услугите на наплаќањето на партиципацијата. Јас вчера платив партиципација за крвна анализа од 150 денари. Тоа не е во ред и мислам дека нешто треба да се направи. Плаќаме и за ЕКГ, за други ехо снимки. Се надевам дека многу работи во иднина ќе бидат решени. Компетентните институции најитно треба да размислат и да ги укинат партиципациите, инаку ништо. Ние како пензионери немаме никакви права во тој дел“, рече Трпоски.

Во делот на евентуални злоупотреби и плаќање на партиципација која не е во согласност со законот, секој осигуреник, па и пензионерите имаат право да пријават било што ако се сомневаат дека незаконски им се наплаќа.
Џемаил Мехази, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Коста Јованоски пензионер од Струга вели дека неколку пати досега му било наплатено за здравствена услуга.

„За анализи на крв и урина, ехо преглед во болницата, за сè наплаќаат. Одев два пати на исти прегледи и два пати ми наплаќаа партиципации во болницата во Струга. Следниот пат ќе реагирам и тоа вистински ќе реагирам“, рече Јованоски.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Мехази на пенизонерите им препорача секоја злоупотреба во болниците во однос на наплата на партиципација за преглед да ја пријават во Фондот за здравствено осигурување.

„Во делот на евентуални злоупотреби и плаќање на партиципација која не е во согласност со законот, секој осигуреник, па и пензионерите имаат право да пријават било што ако се сомневаат дека незаконски им се наплаќа. За било што ако има сомнеж дека бесправно им се земаат пари или одредено право им се одзема, можат во подрачната служба во Струга да пријават, а имаат право и на анонимност при пријавата. Ние во најкраток рок реагираме заедно со нашите контролори и ги преземаме сите законски мерки“, вели Мехази.

Трпоски додава дека пензионерите во Струга се жалат затоа што немале ист статус како оние во Скопје.

„Пензионерите во Струга немаат ист статус како пензионерите во Скопје. Немаме бесплатен превоз, а оправданието дека не постои градски превоз не држи. Може да се најде решение и за тоа. Може наш пензионер еднаш во месецот да отиде до Скопје или Охрид“, додаде секретарот Трпоски.

XS
SM
MD
LG