Достапни линкови

САД-Сенатори бараат нови санкции против Русија


Двајца врвни сенатори од Комитетот за надворешни односи при американскиот Сенат ја прашаа администрацијата на претседателот Брак Обама зошто не спровела нови санкции против Русија. Сенаторот Роберт Менендез, кој е претседател на комитетот и демократ од Љу Џерси и Боб Коркер, републиканец од Тенеси го покренаа прашањето за време на сослушувањето за ситуацијата во Украина.

Асистентот на секретарот за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд изјави дека администрацијата смета дека санкциите ќе бидат поефективни со учество на ЕУ и дека нови санкции веќе се подготвуваат. Според неа, европските лидери ќе се сретнат на 16 јули по што ќе бидат преземени мерки.

XS
SM
MD
LG