Достапни линкови

Авганистанската изборна комисија со порака до Абдулах


Абдула Абдулах

Абдула Абдулах

Авганистанската независна изборна комисија го повика претседателскиот кандидат Абдула абдулах да работи со властите кои ги истражуваат нерегуларностите на изборите. Шефот на комисијата, Абдул Сатар Садат изјави во Кабул дека тимот на Абдулах треба да разговара со комисијата околу обвинувањата за нерегуларностите, а не да го бојкотира процесот. Прелиминарните резултати покажаа дека Ашраф Џани води во трката пред Абдулах со освоени милион гласови повеќе. Но, Абдулах прогласи победа и уште еднаш нагласи дека изборите биле нерегуларни.

XS
SM
MD
LG