Достапни линкови

Мик Џегер виновен за поразот на Бразил?


Пејачот Мик Џегер ужива негативен имиџ кога станува збор за Светското фудбалско првенство, бидејќи постојат верувања дека тој и носи несреќа на секоја репрезенатација за која навива.

Пејачот Мик Џегер, за кој постојат верувања дека и носи несреќа на секоја фудбалска репрезенатација за која навива бил присутен на мечот помеѓу Германија и Бразил.

Џегер во Бело Хоризонте се појави во друштво на неговиот син Лукас и навивал за Бразил. Иако, носел капа за никој да не го препознае, фотографите успеале да го снимат. Окако веста се прошири низ бразилските медиуми стана јасно кој е виновен за најтешкиот пораз во фудбалската историја на Бразил.

Епитетот фронтменот на „Ролинг Стонс“ го доби во 2010 година во текот на Светското првенство кога присуствуваше на натпреварите на Англија и „предизвикуваше пораз на Гордиот Албион“ на секој од нив.

Бразилците тогаш го обвинија Џегер кога на натпреварот против Холандија, кој земјата го загуби, се појави во бразилски дрес.

Тогаш тој го доби прекарот „Пе Фрио“ што во превод од португалски буквално значи „студена нога“, а во преносно значење „лице кое носи несреќа“.

XS
SM
MD
LG