Достапни линкови

logo-print

МВР-Идентификувани уште 10 учесници на протестите


Протестите по пресудата за случајот Монструм

Протестите по пресудата за случајот Монструм

Министерството за внатрешни работи идентификувало уште 10 лица кои учествуваа во насилните протести кои се одржаа минатата недела. Според МВР, сите се од Скопје и на возраст од 18 до 40 години и со тоа бројот на учесници се зголеми на 34 лица. Против нив, како што соопштија, ќе биде покренато кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“. За делото предвидена е казна затвор од 6 месеци до 3 години или доколку станува збор за организатор на толпата од 1 до 5 години затвор.

XS
SM
MD
LG