Достапни линкови

Договорот на Србија за Јужен тек тежок 2,1 милијарди евра


Српскиот премиер Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот премиер Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин.

Српските власти го потпишаа договорот со огранокот на енергетската компанија Газпром за изградба на дел од Јужниот тек во земјата вреден 2,1 милијарди евра. Газпром претходно соопшти дека неговата фирма Центгаз победила на тендерот за изградба на гасоводот во Србија. Договорот беше попишан откако вчера во Москва српскиот премиер Александар Вучиќ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG