Достапни линкови

ОН-Пораст на жртвите во Авганистан во 2014 година


Смртта на цивили во Авганистан се зголемила за речиси 17 проценти во првата половина на годинава, споредбено со истиот период во минатата. Според извештајот на ОН, 1564 цивили загинале од јануари до јуни во споредба со 2013 кога бројката изнесувала 1342. Во извештајот е наведено и дека досега загинале 295 деца, што претставува пораст за 21 отсто. ОН соопштија дека повеќето од цивилите загинале во нападите кои се случиле во близина на населени места.

XS
SM
MD
LG