Достапни линкови

Авганистан-Во нападот во Кандахар, 22 жртви


Нападот на милитантите на седиштето на гувернерот на јужната авганистанска провинција Кандахар заврши со жртви на двете страни. Кабинетот на гуверенерот Торилаи Веса соопшти дека тројца полицајци, еден цивил и 18 напаѓачи загинале за време на престрелката. Четворица полицајци и десет цивили биле повредени. Пред нападот, гувернерот Веса имал средба со преставници за безбедност.

XS
SM
MD
LG