Достапни линкови

logo-print

Тела на 53 мажи најдени јужно од Багдад


Ирачките безбедносни сили соопштија дека нашле телата на 53 мажи кои биле врзани и погубени во овоштарници јужно од Бабил главниот град на провинцијата Хила.

Сите биле погубени со истрели во главата или во градите. Хила е на 100 километри јужно од главниот град Багдад.

Жртвите, кои се уште не се идентификувани, се верува дека биле убиени пред најмалку една недела. Ирак се соочува со зголемени насилства за кои во голем дел се обвинува радикалната милитантна група „Исламска држава во Ирак и Левант“.

XS
SM
MD
LG