Достапни линкови

logo-print

Израелската одбрана пресретна ракети истрелани од Газа


Израел соопшти дека најмалку две ракети што биле истрелани од Газа биле пресретнати од одбранбениот систем наречен Железна Купола. Вооруженото крило на исламистичкото движење Хамас претходно соопшти дека испукале неколку ракети врз Ерусалим и во уште два израелски градови.

Нападите се случија откако Израел презеде офанзива против појасот Газа, при што загинаа најмалку 23 Палестинци во десетици воздушни напади. Израелската армија изјави дека повеќе од 130 ракети беа истрелани врз еврејската држава вчера, откако Израел ја почна офанзивата.

Исто така, израелската влада вчера даде воена дозвола да се повикаат 40.000 резервни војници.

XS
SM
MD
LG