Достапни линкови

Тачи бара повторување на процесот Монструм


Лидерот на ДПА Мендух Тачи го оцени за некредибилно судењето за случајот „Монструм“. Тачи побара целиот процес да се врати од почеток, а јавноста да има целосен пристап до деталите. Ова барање Тачи им го пренесе и на амбасадорите на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија, Пол Волерс и Аиво Орав на одделните средби што ги имаше синоќа.

„Токму ваквиот процес, според Тачи, ја прелеа чашата на проблемите и дискриминацијата врз Албанците со години наназад. Тачи рече дека протестите од последните денови се очекувани и легитимни, но побара од демонстрантите да се воздржат од насилство.

Тачи побара од ДУИ институционално да ги реши дилемите за судскиот процес „Монструм“, оценувајќи го како дволично досегашното однесување на ДУИ во однос на овој процес и ветувањата кои им биле дадени на роднините на осудените.

XS
SM
MD
LG