Достапни линкови

logo-print

САД и Кина си ветија подобрување на соработката


САД и Кина се обврзаа на подобрување на нивната економска и безбедносна соработка, на отворањето од овогодинешниот самит "стратегиски и економски дијалог" во Пекинг. Во поздравното обраќање, кинескиот претседател Кси Џинпинг ја нагласи потребата од избегнување на конфронтација меѓу двете земји. Од Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама ја поздрави 35-годишнината од американско-кинеските дипломатски односи и ја повтори заложбата од самитот минатата година да се воспостави "нов модел" на соработка меѓу двете земји. Американската делегација е предводена од државниот секретар Џон Кери и секретарот за финансии Џек Лу. Вашингтон се надева дека ќе обезбеди поблиска координација со Кина против климатските промени и ќе стави крај на кинеската индустриска шпионажа против американските компании, како и построги правила со кои се регулираат територијалните претензии во спорните морињата на Азија.


XS
SM
MD
LG