Достапни линкови

Ракетни напади на Хамас во Израел


Вооруженото крило на исламистичкото движење Хамас соопшти дека испукале неколку ракети во Ерусалим и во уште два израелски градови. Во соопштението се наведува дека една ракета била насочена кон Хаифа, четири ракети кон Ерусалим и уште четири кон Тел Авив. Нападите се случија откако Израел презедоа офанзива против појасот Газа, при што загинаа најмалку 23 Палестинци во десетици воздушни напади. Во еден од нападите, домот на командантот на Хамас во јужниот град Кан Јунис беше погоден, при што загинаа шест лица, вклучувајќи го и командантот. Израелската армија изјави дека повеќе од 130 ракети беа истрелани врз еврејската држава вчера, откако Израел ја почна офанзивата. Исто така, израелската влада вчера даде воена дозвола да се повикаат 40.000 резервни војници.

XS
SM
MD
LG