Достапни линкови

Убиени 13 милитанти во Пакистан


Пакистанската војска соопшти дека најмалку 13 милитанти загинале во воздушните напади врз покраината Северен Вазиристан, која се наоѓа во близина на границата со Авганистан. Во меѓувреме бројката на цивили која беше дислоцирана поради офанзивата против милитантите изнесува речиси милион. Според соопшетнието на војската, целта на воздушните напади биле седум клучни засолништа на милитантите во покраината.

XS
SM
MD
LG