Достапни линкови

Цивил - Изборите нефер и валкан меч


Невладината организација Цивил приреди изложба на артефакти од изборите 2014, како завршен настан од проектот „Слободни избори 2014“.
Невладината организација Цивил приреди изложба на артефакти од изборите 2014, како завршен настан од проектот „Слободни избори 2014“.

Македонија е во постојана предизборна кампања. За време на избори има фантомски гласачи, медиумите се пристрасни, има јавно гласање, институциите не реагираат на неправилностите. Ова се само дел од забелешките на Цивил за изборите 2014, поместени во публикацијата Дисквалификувана демократија.

Јани Макрадули на голот, Груевски, Ставрески и Јанкулоска напаѓаат, Илија Димовски чека шанса, Ахмети пред гол си ја врзува копачката. Судијата Зврлевски му дава црвен картон на Заев, а Шеќеринска и Шилегов негодуваат. Во меѓувреме, Амди Бајрам продава семки, гласачите од Пустец навиваат, а целиот меч се одвива под будното око на Сител телевизија и бројно полициско присуство. Вака накратко невладината Цивил го илустрира изборниот меч од претседателските и предвремените парламентарни избори што се одржаа годинава.

Македонија се наоѓа во континуирана предизборна кампања, во која политичките мерила и сè што може да подразбира фер и демократско однесување – ги нема.
Џабир Дерала, Цивил.

Изборите беа еден крајно валкан, нерегуларен, нефер и недемократски меч, рече претседателот на Цивил Џабир Дерала, користејќи фудбалски речник во духот на Светското фудбалско првенство, на завршниот настан од проектот „Слободни избори 2014.

„Македонија се наоѓа во континуирана предизборна кампања, во која политичките мерила и сè што може да подразбира фер и демократско однесување – ги нема. А, секако Македонија живее во една долготрајна политичка криза која се одразува на секојдневниот живот. Во публикацијата презентиравме докази и информации за тоа како тоа се случува, како се имплементираат интересите на структурите на моќта, односно на власта и последиците на тоа во постизборието“, рече Дерала.

Цивил - Дисквалификувана демократија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Политичката криза ќе се продлабочува, таа веројатно ќе биде комбинирана и со безбедносни предизвици, тоа ќе биде ситуација во која насилството ќе биде секојдневно и можеме да очекуваме понатамошен пад на системот.
Џабир Дерала, Цивил.

​Во Публикацијата „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“ која уследи по целокупното мониторирање на изборите се поместени дел од забелешките на екипата на Цивил за целиот изборен процес од неговиот предвремен старт до постизбрието. Во публикацијата се нотирани и појавите на фантомските гласачи, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, јавното гласање, семејното и групно гласање, па сè до реакцијата и одговорот на институциите на констатираните неправилности и постизборното набљудување.

Дерала вели дека имајќи ги сите работи предвид, состојбата може да биде уште полоша.

„Политичката криза ќе се продлабочува, таа веројатно ќе биде комбинирана и со безбедносни предизвици, тоа ќе биде ситуација во која насилството ќе биде секојдневно и можеме да очекуваме понатамошен пад на системот, политизацијата на институциите ќе си го собере својот данок на крај и ќе имаме хаос во државата, вели тој.

Коментирајќи ги последните протести и немири во државата, Дерала вели дека тие се производ на лошите политики на власта и дека само со политичка волја меѓу коалиционите партнери можат да се спречат негативните трендови во државата.

„Особено затоа што тие ги имаат инструментите со кои ги започнаа сите невољи. Мислам дека се уште не е премногу доцна да се сопрат овие трендови, меѓутоа во еден момент тие ќе бидат и неконтролабилни.“

На завршниот настан посветен на изборите, беа изложени и документи, сведоштва, фотографии и видео снимки кои сведочат за изборните нерегуларности, како и изјави на директни учесници во изборите, на експерти и активисти за човекови.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG