Достапни линкови

logo-print

Ѓукановиќ-Во црногорските разузнавачки служби нема руски шпиони


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска демантираше дека на Црна Гора и е одложен приемот во НАТО поради сомневање оти во црногорските разузнавачки служби работат руски шпиони. Неговата изјава доаѓа откако весникот Вјести објави дека членството на Црна Гора во НАТО се пролонгира поради сомневање дека во црногорските разузнавачки служби работат руски шпиони. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен изјави дека министрите за надворешни работи на земјите-членки до крајот на 2015 година ќе одлучат дали е време Црна Гора да и се приклучи на Алијансата.

XS
SM
MD
LG