Достапни линкови

Абдула прогласи победа на изборите во Авганистан


Абдула Абдулах

Абдула Абдулах

Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдулах прогласи победа на изборите и го обвини за измама неговиот ривал Ашраф Џани, кој освои повеќе гласови од него, според прелиминарните резултати. Говорејќи пред неговите приврзаници во Кабул, Абдулах изјави дека тие се победниците и дека е горд и ги почитува гласовите на народот. Тој порача дека нема никогаш да ги прифати нерегуларните резултати од изборите. Но, исто така ја повика земјата да остане обединета, бидејќи не сака граѓанска војна или криза, туку стабилност и национално единство.

XS
SM
MD
LG