Достапни линкови

Демонстрациите за Монструм се анти-владини протести


Имаме една Македонија во којшто живеат владејачките структури и којашто е прекрасна, но ја имате и таа втора Македонија во којашто живее народот, а којашто е многу поразлична, вели аналитичарот Ким Мехмети.

Или итно решавање на проблемите во ова општество или продлабочување на новонастанатата криза кое може да остави поголеми последици за земјава. Вакви се можните сценарија на дел од експертската јавност по одржувањето на протестите за пресудите во Монструм и најавите за нивно продолжување.

Најверојатно тука се случи тој парадокс да имаме една Македонија во којшто живеат владејачките структури и којашто е прекрасна, ним им нуди сè, богатство, убави коли, но ја имате и таа втора Македонија во којашто живее народот, а којашто е многу поразлична од таа првата и којашто нуди беда.

Доволно е тоа што албанската младина во земјава се чувствува запоставено за работите да излезат од контрола, а нивното незадоволство да се излее како гнев низ улиците, предупредува аналитичарот Ким Мехмети.

„Најверојатно тука се случи тој парадокс да имаме една Македонија во којшто живеат владејачките структури и којашто е прекрасна, ним им нуди сè, богатство, убави коли, но ја имате и таа втора Македонија во којашто живее народот, а којашто е многу поразлична од таа првата и којашто нуди беда“, вели Мехмети.

Генерално станува збор за протест против македонската власт, не станува збор нити за судовите, најголем дел од тие што протестираат веројатно не ни разбираат каква пресуда е донесена, не знаат што тоа значи, не знаат со што тие си играат, со каков оган.

Иако новонастанатата политичка ситуација професор Никола Дујоски не ја дефинира како криза, туку изолирани протести, сепак заклучува дека немирите се израз на незадоволство кон власта, а не кон судските органи.

„Генерално станува збор за протест против македонската власт, не станува збор нити за судовите, најголем дел од тие што протестираат веројатно не ни разбираат каква пресуда е донесена, не знаат што тоа значи, не знаат со што тие си играат, со каков оган, тоа е еден фитил којшто може да направи поголем проблем“, вели Дујоски.

Единственото решение кое може да понуди излез од фактичката состојба е владејачката структура да се соочи со реалноста и да се обиде што побрзо да ги реши проблемите на граѓаните. Во време кога јавните дебати не вредат и не може да променат ништо, ние дојдовме во една фаза во која сè се мери според тоа колку се полнат улиците и колку тие слики предупредуваат дека трпението е при крај.

„Или ќе се освестат или ќе им се случи тоа што им се случува на сите владејачки структури на коишто поважна им е власта од државата и народот. Значи, кога народот веќе излегува на улица, тие треба да бираат дали ќе ја жртвуваат државата за да ги сочуваат своите интереси или ќе се соочат со вистината“, вели Мехмети.

Дујоски вели дека е тешко ваквите ситуациии да се превенираат, но дека органите за безбедност се тие што можат да ги контролираат евентуалните немири. Сепак, додава дека и политичките актери можат да извршат влијание врз младите и попосветено да се стават во одбрана на судската власт.

„Мислам дека политичките партии на Албанците треба повеќе и малку погласно да го осудат ова, тие секако се оградуваат и преземаат и други мерки, меѓутоа мора попосветено да се стават во одбрана на тоа што значи судска власт“, изјави Дујоски.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG