Достапни линкови

Украина бара разоружување на сепаратистите


Украина отфрли секакво примирје со проруските сепаратисти се додека тие целосно не го положат оружјето, изјави денеска министерот за одбрана Валериј Гелетеј. Успесите на украинската армија во изминативе денови принудија повеќето сеператисти да се повлечат од Доњецк и Луганск. Претседателот Петро Порошенко нареди војниците да ги блокираат овие градови. Претходно, претседателите на Франција и на Соединетите држави Франсоа Оланд и Барак Обама повикаа на што поитно одржување состанок на контакт групата за да се договори прекин на огнот во Украина.

XS
SM
MD
LG